Достапни линкови

Повеќе од 40 повредени во експлозија во Кабул


Повеќе од 40 лица беа повредени при експлозија на автомобил-бомба во близина на зграда во источниот дел на Кабул, соопштија официјални лица.

Се уште не се знае кој е одговорен за нападот, но портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Најиб Даниш, изјави дека експлозијата била насочена кон Зеленото село, место каде што некогаш биле сместени странски невладини организации и работници.

Портпаролот на министерството Вахид Мајар на Твитер напиша дека повеќе од 40 лица се повредени во експлозијата.

До неодамна, персоналот на ОН живеел и работел во тој комплекс, но според Даниш, областа сега е главно празна и со неколку стражари.

Најновиот напад доаѓа во време кога американскиот мировен пратеник Залмај Калилзад е во посета на регионот на состаноци со цел да се стави крај на 17-годишната војна во Авганистан.

XS
SM
MD
LG