Достапни линкови

Трамп: Никогаш не работев за Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека работел за Русија, по извештаите дека американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна истрага за да утврди дали американскиот претседател работи за Кремљ. Тој истакна дека е срамно што новинарите воопшто го поставуваат прашањето, бидејќи ова е "една голема грешка".

"Никогаш не сум работел за Русија", изјави Трамп пред новинарите пред да замине во Луизијана.

Тој го опиша прашањето на новинарот на Фокс Њуз како "навредливо", објави Би-Би-Си.

Медиумите претходно објавија дека Трамп запленил белешки од својот преведувач по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и му наредил на својот преведувач да не зборува за деталите.

XS
SM
MD
LG