Достапни линкови

Починал прободениот градоначалник на Гдањск


Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, почина во болница како последица од нападот со нож, кратко соопштија лекарите кои претходно пет часа се бореа за неговиот живот, објави Полско радио 24. Градоначалникот на полскиот град Гдањск вчера беше тешко повреден при напад со нож додека присуствувал на најголемиот хуманитарен настан во земјата.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е 27-годишник со криминално минато, кој тврдел дека бил неправедно затворен за време на претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович.

XS
SM
MD
LG