Достапни линкови

Има мнозинство и за доверба и за Договорот, тврди Ѕанакопулос


Министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија Алфа, изјави дека неговата процена е оти Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата.

Ѕанакопулос објасни дека гласањето доверба на Владата не треба да се поврзе со ратификацијата на Договорот од Преспа, бидејќи се две комплетно различни гласања, а едното не го одредува другото, но додаде дека и за двата процеса постои мнозинство во актуелниот Парламент.

XS
SM
MD
LG