Достапни линкови

Иницијативата за нов референдум за името помина во Комисијата за политички систем


Иницијативата за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, денеска на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласови „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ беше оценета како уредна и проследена низ натамошните собраниски процедури.

За иницијативата, чиј потписник е лидерот на Светскиот македонски конгрес, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, но нејзината седница денеска беше одложена и се очекува да се одржи во текот на денов.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое што, како што појасни Петров на седницата, би било поставено на референдумот што би се одржал доколу се соберат потребните 150 илјади потписи.

Граѓанската иницијатива треба да добие мислење за уредност и во Законодавно-правната комисија, а потоа таа би била доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој преку премиерот би ја доставил до ДИК. Откако ДИК ќе ги извести поднесувачите на иницијативата дека околу 33 подрачни одделенија се подготвени, тие во рок од 20 дена се должни да ги достават формуларите за собирање на потписите до сите подрачни одделенија и потписите да ги соберат во рок од три месеци.

XS
SM
MD
LG