Достапни линкови

Данелис: Заев и Ципрас испишаа историја, сега ние сме на ред


Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас го прославуваат потпишувањето на договорот за името - 17 јуни 2018 година

Пратеникот од партијата Река, Спирос Данелис, по успешно изгласаните уставни измени во македонското Собрание и во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, изјави дека „сега Грција е на ред“.

Говорејќи на конференција посветена на договорот, Данелис истакна дека Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја и уште еднаш го повтори неговиот позитивен став во однос на решението меѓу двете земји.

„Собранието на ПЈРМ ги изгласа промените на името на земјата и низа членови од Уставот, ги сменија оние работи што ни пречеа, онака како што ние баравме. Сега сме ние на ред. Ако националистичката бескомпромисност и ситните политички игри надвладеат над логиката и принципите, нѐ очекува меѓународно и апсолутна изолација“, рече Данелис во неговото обраќање на панелот, кусо пред говорот на грчкиот премиер.

Пратеникот на Река рече дека неговата позиција е јасна, тоа му го налага совеста и неговата доследност од 1992, кога јавно се постави против протестите и слоганите дека „Македонија е една и грчка“.

XS
SM
MD
LG