Достапни линкови

Непријателски пораки и говор на омраза по уставните измени


Граѓани протестираа пред Собранието на Македонија додека во него се расправаше за промена на името на државата. Скопје, 9 јануари 2019.

Изјавите на власта по уставните измени и политичките збиднувања во соседна Грција собрале повеќе од 300 коментари на нашата ФБ страница. Коментарите изобилуваат со непријателство и кон власта и кон опозицијата и кон грчките власти.

Читајќи ги постовите на социјалните мрежи, надминувањето и заборавањето на омразата што тлее кај и меѓу Македонците со различни политички ставови, по сè изгледа, ќе трае со години.

Никако да сфатиме дека различните политички ставови и гледишта и несогласувањата со нив се едно, а сосема друго говорот на омраза. Информациите за изјавите на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, како и оние за развојот на политичките збиднувања во соседна Грција по излегувањето на Независни Грци од коалициската влада на Алексис Ципрас, собрале повеќе од 300 коментари на нашата ФБ страница, но постојано укажуваме дека пораки со говор на омраза и недоличен јазик нема да ги презенетираме.

И така, потпишан со Џемс Бонд смета дека „Ципрас е пред распаѓање, тоа е Грција, а не корумпирана Македонија“, а Бале Анчески напишал: „Пада влада, пада преспански, пада црпко“. Марјан Јаневски како да знае, па прашува: „Што досега ратификувала грчката влада?“ За Наталија Петрова, премиерот Заев е „Проклетник“, Верка Михајлова го бара она што го побара и шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, „Веднаш предвремени парламентарни избори! Се плаши ли Заев дека ќе извиси?“ Мехмед Шемси има различно мислење: „ВМРО“, напишал, „мафија!“ Сејдо Асаноски му честита на премиерот Заев и додава: „ВМРО нема што да бара избори, беа во позиција 10 години и не можеа да го решат овој проблем со Грција“.

Но, обраќањето на Мицкоски до јавноста и неговите зборови: „Ќе паднеш, Заев, уште не знаеш, ама наскоро ќе дознаеш“ - од повеќето посетители на нашата ФБ страница е дочекана со негативен одиум. Горан Невенка Ристови му порачуваат: „Мицко, барај азил во Унгарија додека е време“, а многумина потсетуваат на неговата зделка со хидроцентралите, па Жижи Ванеска прашува: „А кога ќе паднат твоите хидроцентрали што ги украде од народот???“ Имерали Демири се чуди дали Мицкоски „не е свесен дека неговата партија нè однесе 30 години назад, ние требаше да бидеме во Европа меѓу првите... срамно, нè оставија без младина...“ Потпишан со Трендафил Багремовски напишал: „Не ги сакаме тие што се сега на власт, но не ги сакаме ни тие што беа претходно“.

Гордана Мантева, пак, со пофалби за актуелниот премиер дека е „... најпродорен, најодговорен“. „... Наспроти Грујче“, додава, „искорумпиран ’патриот‘ и диктатор кој со нашите пари избега од Македонија и нè остави на милост и немилост“. Даниела Бојаџиева, пак, како да е незадоволна од промената на името и му забележува на Мицкоски дека „Ништо не направи за да го спречиш предавството“. И Александар Јовевски е незадоволен од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ: „Доста се фалиш, бе. Ти и таквите како тебе скроз на скроз ја растуривте партијата“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG