Достапни линкови

Мицкоски: Заев го менува името на државата со уцени и закани


Мицкоски: „Заев тргува со националните интереси“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Мицкоски го обвинува Заев дека тргува со националните интереси

Мицкоски пред Собранието порача дека име со „дугме“ не се менува и обвини дека премиерот Зоран Заев тргува со националните интереси. Стотина демонстранти на снежното студено време излегоа да кажат „не“ на уставните измени. Тие најавија дека ќе продолжат со протестите.

Во очекување на собраниската седница за уставните измени која денеска не се одржа, пред Собранието продолжија протестите на демонстрантите кои се противат на промената на името. Пред Собранието мала група демонстранти бараа од пратениците да не го променат името на државата.

На демонстрантите им се приклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од членови на партијата и коалицијата „За подобра Македонија“. Од бината им порача дека не може да им вети дека ќе го сопре процесот на менувањето на името, но дека ќе стори сè тоа што, како што вели, некој го продава, да го врати назад. Мицкоски истакна дека име со „дугме“ не се менува и обвини дека премиерот Зоран Заев тргува со националните интереси.

„Се отвора Пандорината кутија со етнички барања, нема некој што не уценува кога знаат дека го имаат најголемиот уценувач и блефер - Заев, тука има друга позадина, на него му е совршено јасно дека драмитично губи и кај македонскиот народ и кај другите заедници и се обидува со блеф, со непомагање на заедниците се труди да протне некое барање со кое ќе ми се додвори, затоа што избори доаѓаат и пак ќе треба да тргува“, рече тој.

Мицкоски им се обрати и на „исклучените“ членови од партијата кои ги нарече уценети пратеници кои гласаа во првата фаза.

„Седнати во скутот на Заев ќе вршите валкани работи, тие што се скршија и се притиснати се фолираат и пењават, тешко ми е кога ги гледам, ама не ги оправдувам тие што одбраа да му слугуваат на Заев, можам да ги разберам, но не можам да им простам. Само не заборавајте дека му слугувате на Зоран Заев и СДСМ, а вие ќе останете обични слуги што ќе пишувате писма и статуси на Фејсбук,“ порача Мицкоски.

Стотина демонстранти на снежното студено време излегоа да кажат „не“ на уставните измени. Тие најавија дека ќе продолжат со протестите.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG