Достапни линкови

Корупцијата го девалвира високото образование


Илустративна фотографија.Студенти, факулте.т

Според истражувањата, 23 проценти од испитаниците одговориле дека корупцијата во образованието е многу распространета. Студенти велат дека не би пријавиле корупција кога би ја искусиле затоа што сметаат дека не би промениле ништо.

Јавна тајна е дека на некои факутети во Македонија е присутно "купување" на испити, корупција или други неетички дејства како кај професори така и кај студенти, но не се знае во кој обем е распространета оваа злоупотеба. Дел од студентите велат дека не знаат дека има злоупотреби, а други дека знаат за "матни работи" и оти ако некој студент не може да положи некој испит би понудил пари. Како еден вид недозволено однесување некoи од нив го наведуваат и условувањето на студентите да купуваaт книги издадени од професори за воопшто да може да излезат на испит. Тоа можби не е корупција, но е повреда на некои етички принципи, наведуваат некои од анкетираните студенти.

"За корупција незнам никој не кажаува јасно, ама дека има услуги и врски сигурно. Не знам ова се гласини, но ќе продолжи да има бидејќи не зборуваме отворено. Имам слушнато за професорка на факултет дека сакала да се полага со нејзини книги кои се скапи. Тоа е злоупореба и треба да се пријави".

"Ова од други колеги што имам слушнато. Има и взаемна корупција. Има студенти кои сакаат да поткупуваат, а има и професори кои велат, во ред ќе средиме работа. Не би пријавил, зашто имам чувство дека нема да се смени ништо, иако тоа треба да се смени како менталитет"

"Не сме слушнале да има корупција, ние сме бруцоши. Ако имам искуство, да би пријавил. Со тоа се урива репутацијата на факултетот и не би требало да има и затоа би пријавил", велат дел од студентите.

Според истражуавањата напревени пред повеќе години, 23 проценти од испитаниците одговориле дека корупцијата во образованието е многу распространета, вели Петар Барлаковски од Младинскиот Образовен Форум. Тој вели дека корупцијата се јавува во различни видови, како поткуп, непотизам, плагијат или мамење

"Корупцијата за жал на државните универзитети и тоа како е распространета. Голем дел од професорите налагаат студентите да купат нивна книга за да положат испит или да имаат повисока оценка и слично што е коруптивно дејство кое е и натаму е застапено.Увидовме исто така дека и плагијатот е застапен, особено оние веб страни каде луѓе изработуваат семинарски, магистерски и слично, што е коруптивно дејство, а влијае врз квалитет на високото образование", вели Барлаковски

Во истражувањата испитаните студенти изјавиле дека не би пријавиле корупција кога би ја искусиле затоа што сметаат дека не би промениле ништо, понатаму зато што се плашат од одмаздa, или пак не знаат каде да пријават.

На прашaње кои мерки сметаат дека би придонеле за подобрување за ефикаснoста во борбата, студентите ги посочуваат заштитата на анонимноста и построги санкции.

Во истражувањата исто така се наведува дека Комисијата за борба против корупцијата со години наназад нема поднесено иницијатива за коруптивни злоупотреби во високото образование.

Деновиве и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја промовира интернет платформата prijavikorupcija.mk пред студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На штандови поставени на сите факултети во кампусот на УКИМ, студентите и професорите имаат шанса директно да се информираат и интерактивно да ја тестираат платформата.

Професорот Гордан Калајџиев вели дека во Македонија во последно време се експонираше високата корупцијата, но дополнува дека познато е дека корупцијата е присутна на сите нивоа.

„Не се фокусираме само на можната корупција во високото образование за која постојат многу шпекулации, би било добро и подеталано да се испита. Мислам дека перцепциите се повисоки од реалните состојби од тоа колку има корупција. Но јас сум и учесник па можеби имам пристрасност. Ги охарабруаваме луѓето да достават пријава ананонимоно или јавно и да им помогнеме во решавањето на нивните проблеми, а во исто време да помогнеме на државата да се справи со корупцијата која според перцепцијата е висока во Македпнија. А и од овие мега афери што ги имаве ние очигледно сме биле до гуша во висока корупција или корупција на сите нивоа и ние сме алтака која ќе се бори со овој сериозен октопод“, вели Професорот Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет.

Корупцијата и судирот на интереси претставуваат феномени за кои во сите релевантни анализи се истакнува дека сѐ уште остануваат во значителна мера неказнети, а перцепцијата на граѓаните е дека антикорупциската борба не дава задоволителни резултати. Токму од овие причини, борбата против корупцијата е дел од програмата за Владеење на правото, односно од Стратегијата за работа на Хелсиншкиот комитет 2018-2020 година, велат од оваа организација. Преку интернет платформата за пријавување на корупција, покрај евидентирање и мониторинг на случаи, Комитетот најави дека ќе овозможи и соодветна бесплатна правна помош на жртвите на коруптивни дејствија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG