Достапни линкови

Вести

Барање до „жолтите елеци“ да не протестираат в сабота во Париз

полицајци на улиците на Париз
полицајци на улиците на Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер ги повика, како што рече, „разумните жолти елеци“ в сабота да не се собираат во Париз и предупреди дека ќе го зголеми бројот полицајци на улиците. По нередите во минатиот викенд Кастанер во говорот во францускиот Сенат побара воздржување од насилни протести. За да го смири големото незадоволство, француската влада за шест месеци го одложи поскапувањето на бензинот, струјата и гасот.

види ги сите денешни вести

Поплави на југот на Бразил, расте бројот на загинати

Снимка од дрон покажува поплавени куќи во областа покрај реката Таквари во градот Енкантадо во Рио Гранде до Сул, 1 мај 2024 г.
Снимка од дрон покажува поплавени куќи во областа покрај реката Таквари во градот Енкантадо во Рио Гранде до Сул, 1 мај 2024 г.

Бројот на загинати од обилните дождови во најјужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 29, соопштија локалните власти во четвртокот вечерта.

За да се справи со драматичната ситуација, Владата прогласи вонредна состојба.

Според податоците на Цивилната одбрана на Рио Гранде до Сул, во невремето, кое предизвика најголемо уништување во последниве години во оваа сојузната држава, исчезнале 60 лица, а 10.242 се раселени во 154 градови.

„Ова не е само уште еден критичен настан, ова е најкритичниот што оваа сојузна држава веројатно го забележала во својата историја“, рече гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите во обраќање преку директен пренос на социјалните мрежи.

Повеќе од 300.000 луѓе, исто така, останаа без струја откако во четвртокот пукна брана на мала хидроцентрала, соопшти главното државно комунално претпријатие.

Вчера, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ги прелета погодените области и одржа итен состанок со гувернерот Леите во градот Санта Марија.

„Им реков на гувернерот и на моите министри дека федералната влада ќе вложи максимални напори … Ќе се погрижиме за тоа со големо внимание и почит“, рече Лула за време на средбата.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Леите повика на координација во спасувачките акции и рече дека ситуацијата со која се соочува земјата е резултат на климатските промени.

Лула му ветил на Леите дека ќе испрати онолку луѓе колку што е потребно за да помогне во решавањето на ситуацијата, соопшти кабинетот на претседателот.

Бразил изминатиот период се соочи со серија природни катастрофи. Повеќе од 50 луѓе загинаа минатата година во државата Сао Паоло по обилните дождови кои предизвикаа лизгање на земјиште и поплави.

Компаниите негодуваат за враќањето на старите цени за осигурување од автоодговорност

Владата вчера одлучи да се вратат старите цени за полисите за осигурување од автоодговорност (архивска фотографија).
Владата вчера одлучи да се вратат старите цени за полисите за осигурување од автоодговорност (архивска фотографија).

Одлуката да се вратат старите цени за осигурување од автоодговорност е донесена без да се земат предвид анализите на осигурителната индустрија, реагираат осигурителните компании.

Тие наведуваат дека се разочарани од пристрасните тврдења и непрофесионалните квалификации на регулаторото тело Агенција за супервизија на осигурувањата (АСО) врз основа на кои беа вратени цените пред нивното покачување од 25 април.

„Одлуката претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор и е поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“, пишува во дел од реакција на Друштвата за неживотно осигурување.

Осигурителните компании во април ја известија АСО дека ќе ги зголемат цените за полисите за задолжителното осигрување од автоодговорност за 15 отсто за автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати решија да остане иста.

По ова, од АСО реагираа дека тоа е неоправдано и повикаа надлежните да донесат нови тарифи за да се спречи покачувањето.

Потоа, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии даде предлог до Владата која на седница вчера (2 мај) одлучи цените да се вратат на нивото од пред 25 април 2024 година.

Дополнително Владата утврди дека во иднина Комисијата секоја година, најдоцна до 30 септември, ќе доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување.

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место - се создаваат паралелни медиумски системи

Северна Македонија бележи скок од две места на Индексот за слобода на медиумите во споредба со лани.
Северна Македонија бележи скок од две места на Индексот за слобода на медиумите во споредба со лани.

Северна Македонија е на 36. место во годишниот Индекс за слободата на медиумите на меѓународната организација Репортери без граници во кој се опфатени 180 земји. Во однос на лани, државата бележи скок од две места, но се нотира и длабока политичка поларизација.

Во споредба со земјите од регионот, пак, Северна Македонија е најдобро рангирана. По неа следуваат Црна Гора (40), Словенија (42) и Хрватска (48). Косово е на 75. место, Босна и Херцеговина на 81, Србија на 98 и Албанија на 99.

Сепак, Репортери без граници ја нотираат високата недовербата во медиумите.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, нотира меѓународната организација.

Исто така, се истакнува и дека „владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Политичка поларизација и паралелни системи

Кога е во прашање политичката клима, се забележува дека целокупното опкружување е поволно за слободата на медиумите, но од друга страна и дека критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади.

Од Репортери без граници предупредуваат дека поради силната политичка поларизација, медиумите може да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените.

„Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создаваат паралелни медиумски системи кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“, нотира меѓународната организација.

Во извештајот оттаму искажуваат загриженост и за тоа што со закон повторно се овозможи националните и локалните власти да се рекламираат во приватните медиуми што може да доведе до влијание во медиумите.

Мора да се направи разлика меѓу професионалните портали и плагијаторите

Во согледување на медиумскиот пејзаж во Северна Македонија од Репортери без граници нотираат и дека иако телевизијата е доминантен избор на информации, важна улога играат и онлајн медиумите.

„Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина и портали со поединци кои прават плагијат и копираат содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу користењето на медиумите и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверба“, пишува во извештајот.

Кога е во прашање економската ситуација во медиумите, се нотира дека редакциите на некои од главните телевизиски куќи се изложени на економски притисоци од сопствениците.

Државното финансирање, како што се посочува е ограничено и нетранспарентно, а „независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите“.

Сепак, во извештајот се нагласува дека странските грантови за проекти што ги добиваат медиумите придонесуваат само за опстанок, а не и за понатамошен развој.

Се нотира и влијание во некои медиуми од страна на маркетинг агенциите.

Вербални напади

Кога е во прашање безбедноста на новинарите, пак, Репортери без граници посочуваат дека тие често се мета на вербални напади.

„Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки“, пишува во извештајот.

Сепак, се додава, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на медиумите и да ги штитат новинарите и во тој контекст од меѓународната организација потенцираат дека во Скопје бил назначен и специјален обвинител кој ќе ги води случаите со напади врз медиумските работници.

На Индексот за слободата на медиумите за 2024 година што денеска (3 мај) по повод Светскиот ден на слободата на печатот го објавија Репортери без граници, најдоброрангирана е Норвешка, а по неа следуваат Данска, Шведска, Холандија и Финска.

На последните пет места, пак, се Еритреја, Сирија, Авганистан, Северна Кореја и Иран.

Германија ја предупреди Русија за последици по наводниот сајбер напад

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок.
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок.

Русија ќе се соочи со последици за сајбер нападот минатата година кој наводно бил оркестриран од група поврзана со нејзината воена разузнавачка служба, изјави на 3 мај германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Германија е меѓу западните земји што даваат воена поддршка на Украина во нејзината војна со Русија, а претседателот Владимир Путин во декември рече дека односите меѓу двете земји во голема мера се замрзнати.

„Сега можеме јасно да го припишеме минатогодишниот напад на руската група АПТ28, која е контролирана од руската воена разузнавачка служба ГРУ“, рече Баербок на прес-конференција во Аделаида, Австралија.

Руските сили влегоа во воена база со американски војници во Нигер

Протест против американското воено присуство во Агадез, Нигер, 21 април 2024 година.
Протест против американското воено присуство во Агадез, Нигер, 21 април 2024 година.

Рускиот воен персонал влегол во воздухопловна база во Нигер каде се стационирани американски војници, изјави висок американски воен функционер за Ројтерс.

Ваквиот потег следува по одлуката на нигериската хунта да ги протера американските сили од земјата.

Воените офицери кои владеат со оваа западноафриканска држава им наредија на САД да ги повлечат своите речиси 1.000 војници од Нигер, кои до минатогодишниот пуч беа клучен партнер во борбата на Вашингтон против бунтовниците кои убија илјадници луѓе и раселија милиони лица.

Високиот американски воен претставник, кој побарал да остане анонимен, вели дека руските сили не се мешале со американските војници, туку користат посебна просторија во 101-та воздухопловна база, која се наоѓа веднаш до меѓународниот аеродром Диори Хамани во Ниамеј, главниот град на Нигер.

Овој потег на руската војска ги става американските и руските војници во непосредна близина едни до други, во време кога военото и дипломатското ривалство меѓу двете земји станува се поинтензивно поради конфликтот во Украина.

Тоа, исто така, покренува прашања за судбината на американските воени постројки во земјата по повлекувањето на војниците

„Ситуацијата не е одлична, но може да се реши на краток рок“, вели воениот функционер.

Иако не се донесени никакви одлуки за иднината на американските војници во Нигер, официјалниот воен претставник посочува дека планот е тие да се вратат во матичните бази на американската команда за Африка, кои се наоѓаат во Германија, пренесува Ројтерс.

По пучот, американската војска пресели дел од своите сили во Нигер од воздухопловната база 101 во воздухопловната база 201 во градот Агадез. Засега не е јасно каква американска воена опрема останала во 101-та воздухопловна база.

САД и нивните сојузници беа принудени да преместат војници од голем број африкански земји по државните удари што доведоа на власт групи кои се обидуваат да се дистанцираат од западните влади. Покрај претстојното заминување од Нигер, американските војници изминативе денови го напуштија и Чад, а француските сили беа протерани од Мали и Буркина Фасо.

Во исто време, Русија се стреми да ги зајакне односите со африканските држави, претставувајќи ја Москва како пријателска земја без колонијални мината на континентот.

Мали, на пример, стана еден од најблиските африкански сојузници на Русија во последниве години, а платеничките сили на групата Вагнер беа распоредени таму за да се борат против бунтовниците.

Една година од масовното убиство во основното училиште во Белград

Граѓани пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, 3 мај 2024 г.
Граѓани пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, 3 мај 2024 г.

Србија денеска (5 мај) одбележуваат една година од масовното убиство во основното училиште во центарот на Белград.

Годишнината се одбележува со еднодневна комеморативна програма наречена „Будење“.

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ се собираат голем број роднини и пријатели на убиените, како и граѓани кои во текот на целиот ден ќе може да остават цвеќе и да се запишат во спомен книгата за сеќавање на деветте ученици и училишниот чувар кои беа застрелани со пиштол на 3 мај 2023 година од страна на нивен малолетен соученик.

Прозорците и фасада во делот од училишната зграда каде се случи убиството се покриени со бело платно на кое се нацртани сини птици.

Во 8:41 часот утрото, што го означува времето кога малолетниот ученик почнал да пука, во знак на сеќавање била пуштена сирената, а медиумите во Србија на една минута прекинаа да емитуваат програма.

Целиот простор околу училиштето, кој е наречен „Простор на тишината“ е затворен за сообраќај.

Кај споменикот на поетесата Десанка Максимовиќ во блискиот парк Ташмајдан од 9 до 19 часот ќе се организира трибина на која граѓаните ќе разговараат за прашања поврзани со причините и последиците од масовните убиства на 3 и 4 мај 2023 година.

Во Студентскиот културен центар во 20 часот ќе се одржи завршната музичко-сценска програма, а поради ограничениот простор, граѓаните ќе можат да го следат настанот на екранот поставен на Ташмајдан, како и во живо на телевизија.

На 3 мај 2023 година, 13-годишен ученик од Основното училиште „Владислав Рибникар“ ги уби Бојана Асовиќ (11), Ана Божовиќ (11), Катарина Мартиновиќ (12), Мара Анѓелковиќ (13), Ема Кобиљски (13). ), Софија Негиќ (13), Андрија Чикиќ (14), Адријана Дукиќ (14), Ангелина Аќимовиќ (14) и Драган Влаховиќ (53).

Беа ранети и пет ученици и една наставничка.

На 15 ноември 2023 година, Вишиот суд во Белград го потврди обвинението против родителите на момчето кое го изврши масакрот.

Обвинетите се и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, според обвинението, малолетниот ученик одел да учи да пука со својот татко.

Ученикот-напаѓач не одговара пред законот бидејќи во моментот на нападот имал помалку од 14 години. Тој е сместен во психијатриска установа.

Ден по пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“, 21-годишно момче со автоматско оружје уби девет лица во селата Дубона и Мало Орашје во околината на Младеновац кај Белград.

Во мај 2023 година, масовните убиства предизвикаа неколкумесечни протести во градовите низ Србија.

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

И во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
И во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови на државата, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска (3 мај).

На одредени места се очекува и краткотрајно невреме со засилен ветер и врнежи од град.

Температурата во текот на денот ќе се движи од 14 до 22 степени.

Според најавите од УХМР, и во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло.

И покрај врнежите, според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено. Надвор од градските средини интензитетот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.

Рускиот Газпром претрпел рекордна годишна загуба

Илустрација
Илустрација

Рускиот енергетски гигант Газпром на 2 мај соопшти дека претрпел рекордна годишна загуба минатата година бидејќи европскиот пазар практично бил затворен за извоз на гас поради санкциите поради воената операција на Москва во Украина.

Руската државна фирма претрпе нето загуба од 629 милијарди рубљи односно 6,9 милијарди долари во 2023 година. За споредба претходната 2022 година оваа компанија за заврши годината со нето добивката од 1,23 трилиони рубљи односно со речиси 14 милиони долари.

Резултатите се показател за големото влијание на западните санкции врз Русија по започнатата воена офанзива во февруари 2022 година.

Во времето кога Москва ја започна својата инвазија на Украина, ЕУ беше во голема мера зависна од Русија за гас. Русија учествуваше со повеќе од 40 отсто од увозот на гас во ЕУ, снабдувајќи од 95 отсто од унгарскиот гас до десет отсто од гасот во Шпанија во 2021 година, според податоците на официјалната статистичка служба Еуростат. Сепак, најголемиот нето увозник на руски гас во ЕУ беше Германија со 55 милијарди кубни метри во 2021 година, што претставуваше повеќе од 65 отсто од увозот на гас во земјата.

Увозот на руски гас во ЕУ сега е намален за околу една третина во споредба со пред руската инвазија на Украина. Според податоците на Евростат, во третиот квартал од 2021 година, 39 отсто од гасот во ЕУ доаѓа од Русија. Две години подоцна, во третиот квартал од 2023 година, тој износ е намален на 12 отсто.

НАТО загрижен за зголемениот број на хибридните напади од Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се обраќа во украинското собрание на 29 април, 2024 година
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се обраќа во украинското собрание на 29 април, 2024 година

Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени хибридни акции на Русија кои ги погодуваат Чешка, Естонија, Германија, Латвија, Литванија, Полска и Обединетото Кралство. Во соопштението од Алијансата е наведено дека овие нциденти се дел од интензивираната кампања на активности што Русија продолжува да ги спроведува низ евроатлантската област, вклучително и на територијата на Алијансата.

„Ова вклучува саботажа, акти на насилство, сајбер и електронско мешање, кампањи за дезинформација и други хибридни операции. Сојузниците на НАТО ја изразуваат својата длабока загриженост поради хибридните акции на Русија, кои претставуваат закана за безбедноста на сојузниците“, се вели во соопштението објавено на 2 мај.

Оттаму велат дека се солидаризиаат со погодените сојузници.

„Ќе дејствуваме индивидуално и колективно за да ги решиме овие акции и ќе продолжиме тесно да се координираме. Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата отпорност и да ги применуваме и унапредуваме алатките што ни се на располагање за да се спротивставиме и да се спротивставиме на руските хибридни акции и ќе се погрижиме Алијансата и сојузниците да се подготвени да одвратат и да се бранат од хибридни акции или напади“, се вели во соопштението.

НАТО го осудува однесувањето на Русија и ја повикува Русија да ги исполни своите меѓународни обврски, додавајќи дека активностите на Русија нема да ги одвратат сојузниците да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Украински државјанин осуден во САД за илјадници хакерски напади

Илустрација
Илустрација

Американското министерство за правда на 1 мај соопшти дека украински државјанин е осуден на 13 години и седум месеци затвор за над 2.500 хакерски напади со злонамерни софтвери каде што барал повеќе од 700 милиони долари за откуп.

На 24 годишниот Јарослав Васински Судот му наложи да плати над 16 милиони долари како реституција. Васински ја користел варијантата на злонамерен ( ransomware) софтвер именуван како Содинокиби/ Ревил (Sodinokibi/REvil) и јавно ги изложувал податоците на жртвите кога тие не ги платиле барања за откуп.

Васински се изјасни за виновен по обвинението од 11 точки кое го товари за заговор за извршување измама и поврзани активности во врска со компјутери, оштетување на заштитени компјутери и заговор за перење пари.

Васински беше уапсен во Полска во октомври 2021 година. Во март 2022 година, тој беше екстрадиран во САД. Според судот, 24-годишниот Васински бил член на групата Ревил и заедно со соучесниците, хакирале илјадници компјутери ширум светот барајќи откуп за неоткривање на личните податоци на жртвите

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG