Достапни линкови

Случај 27 април - Младеновски тврди дека добивал инструкции од Нинџа


Архивска фотографија- Обвинителката Вилма Русковска на судење за „27 април“

Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, тврди дека добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.

Тој рече дека од Василевски дознал дека на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање бил назначен Владимир Атанасовски, кој тој го претставил како негов човек и затоа можел да прави што сака. Младеновски рече дека тој и негиовиот брат се среќавале со Нинџа во партиските простории, а дека на првиот ден од протестите пред Државната изборна комисија, тој ги викнал во кафуле заедно со извесно лице со прекар Прскач, за кој Младеновски рече дека во тоа време началник или заменик-началник во петта управа.

“Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата”, раскажува Младеновски.

За протестите на За заедничка Македонија обвинетиот рече дека учествувал десетина пати со неговиот брат и тврдеше дека за нив имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече и дека оти ќе се влегува во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.

“На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори”, рече Младеновски.

Посочи дека на 27 април околу 14.00 часот ги викнал во „Дион“ и им кажал дека тоа е денот, а како што посочи Младеновски, Нинџа добил насока од Атаноасовски да ги координира луѓето под партиски здруженија. Потоа објасни дека било договорено да се купат маски и Младеновски ги набавил. Од кога влегле во Собранието со маски, Младеновски рече дека пробиле во во прес-салата. но дека тој брзо заминал од таму и со брат му отишле во салата Длаборез.

XS
SM
MD
LG