Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ најави чести и граѓански протести


Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протест пред Владата, 28.11.2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од пред зградата на Владата порача дека ќе ги победеле барајќи на претседателските избори поддршка за нивниот кандидат. Тој најави дека секоја среда ќе протестираат пред Владата, а викендите низ други градови во Македонија.

Со собир пред владата, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја почна најавената серија протести во Скопје и низ градовите во Македонија против актуелната власт.

„Денеска почнуваме, а ќе одиме и ширум Македонија преку викенд и ќе одиме секоја среда, овде, пред платото на Владата на Република Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека излегле заради националното понижување, затоа што Македонија била обвиткана со темнило, а сите ќе се обединиле за да ја урнеле оваа, како што рече, „неспособна и криминална власт“, од која насобраните вечерва побараа оставка.

„Ќе ги победиме и тие од спротива, но и тие кои од неодамна им се придружија. Ќе дојдат избори, еве претседателските доаѓаат, ајде тука жестоко да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот чекор за да ја ослободиме татковината“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија ја критикуваше власта дека „ветувала живот, а донела пекол“, дека полицијата место да апсела криминалци - апсела опозиционери.

Мицкоски: Почнуваме борба за нова зора за татковината
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Нашиот револт ќе биде изразен поинаку, нема да биде како тие што правеа, бидејќи ние ова го градевме. Нашиот револт е граѓански, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината“, рече Мицкоски.

Од пред Владата тој упати порака до сите истомисленици дека претстои долга и тешка битка. Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ве повикувам сите да ни се приклучите, од сите нации и вери, да се обединиме. Ова не е битка за ден или за два. Ќе трае подолго. Ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме. Зората ќе дојде“, рече Мицкоски.

Инаку денешниот протестен марш почна од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со извиците „оставка“, „криминалци“, „Македонија“ и скандирања ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и поддржувачите се упатија кон зградата на Владата. Колоната ја предводеше Мицкоски придржуван од партиското раководство.

XS
SM
MD
LG