Достапни линкови

Кремљ ќе го разгледа британското барање за труењето на Скрипал


Архива: портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ соопшти дека ќе го проучи секое британско барање за испрашување на двете лица, кои Лондон ги осомничи за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во строга согласност со рускиот закон.

Но, портпаролот Дмитриј Песков рече дека досега не добиле такво барање. Британија обвини две лица, Русите Руслан Боширов и Александар Петров, за обид за убиство на поранешниот шпион и неговата ќерка со нервниот агенс „новичок“, пред влезната врата на Скрипал во Салсбери.

Песков денеска потврди дека Кремљ негира било каква вмешаност на руската држава во труењето.

Коментарите на Песков доаѓаат откако двајца мажи се појавија на интервју во телевизиската станица РТ која е финансирана од Кремљ, каде тврдат дека се невини.

Двајцата негираа дека биле агенти на воената разузнавачка служба ГРУ, велејќи дека биле туристи во градот југозападно од Лондон.

XS
SM
MD
LG