Достапни линкови

НАТО и Русија вежбаат „одбрана“


НАТО вежба пресретнување руски авиони над Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

НАТО вежба пресретнување руски авиони над Европа

Британски, француски, италијански и германските борбени авиони симулираа пресретнувања на летови над Западна Европа, како дел од вежбите на НАТО за одвраќање на руски авиони да влезат во воздушниот простор на земјите членки на Алијансата. Во истовреме, Русија, на тековните најголеми манвери на нејзината армија, го покажа најсофистицираниот противвоздушен систем.

Европските авиони на оваа вежба носеле проектили воздух-воздух и симулирале следење на белгиски транспортен авион на лет кон Шпанија, вршејќи визуелни проверки на статусот на авионот кој се движел со брзина од 900 километри на час.

Во вежбата биле вклучени околу 60 авиони на НАТО, главно од европските земји.

Ова е дел од активностите за одбрана на воздушниот простор на Алијансата, во момент кога НАТО се соочува со драматично зголемување на руската воздушна активност на своите граници од анексијата на Москва на Крим во 2014 година.

Портпаролот на шпанските воздухопловни сили Рубен Гарсија Серверт, кој беше во белгискиот воен авион, изјави:

„Па ситуацијата драматично се промени. Активноста на Русите веќе е променета. Поради тоа ние сме принудени да реагираме, за да бидеме сигурни дека нашиот воздушен простор е правилно заштитен“, вели Серверт.

Од 2016 година досега само во Балтичките земји имало рекордни 870 упаѓања на руски борбени авиони.

Увидовме дека авионите доаѓаат на нашите граници без планови за летови, без никаков вид МФФ (идентификација, пријател или непријател), без каков било вид на повик до контролите. Тоа се безбедносни регулативи, а влегувањето во оваа област ќе биде безбедносен проблем“.

Според Серверт, вакви зачестени активности на руските авиони има над Црното море и Балтикот, но и во други делови на Европа.

Воената вежба има за цел да ги покаже европските напори за интегрирање на воздушната одбрана во услови на остри ​критики од американскиот претседател Доналд Трамп​, кој на самитот на НАТО во јули протестираше против тоа што Европејците не трошат доволно за одбрана.

Во меѓувреме, Русија, на тековните најголеми воени игри на нејзината армија од распадот на Советскиот сојуз, го покажа најсофистицираниот противвоздушен систем.

Станува збор за системот С-400 за кој НАТО оценува дека преставува закана за авионите на Алијансата.

Москва лани потпиша договор за продажба на овие системи на Турција што го налути НАТО и особено Соедиентите Држави.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG