Достапни линкови

Битката околу Кавано и Америка во наредните децении


Архивска фотографија- судијата Брет Кавано, номиниран за Врховниот суд на САД
Архивска фотографија- судијата Брет Кавано, номиниран за Врховниот суд на САД

Партиската битка околу номинацијата на судијата Брет Кавано за Врховниот суд на САД го привлече вниманието на една од одлуките со најдалекусежни последици со кои се соочуваат американските претседатели. Врховните судии се назначуваат на доживотен мандат, кој е значително подолг од максималните двa четиригодишни мандата што може да ги добијат претседателите на САД.

Во случајот со овој кандидат, може да се очекува 53-годишниот Кавано да ја пренесе рамнотежата на страна на конзервативците при донесувањето на најважните национални закони во децениите што доаѓаат. Еве преглед на Врховниот суд и каков е процесот на ратификација, како и на некои начини на кои номинација на Кавано во комбинација со сегашната политичка клима во САД може да обезбеди моќна арена за презентирање на некои од најголемите разлики меѓу администрацијата на претседателот Доналд Трамп и неговите критичари.

Претседателска можност

Уставот на САД ја дели моќта во назначувањето нови судии на Врховниот суд меѓу претседателот и Горниот дом на американскиот конгрес: Сенатот. Претседателот номинира личност, а Сенатот традиционално одржува јавни расправи пред да реши во гласањето со мнозинство или повеќе гласови. Историски гледано, претседателите имаат тенденција да добијат шанса да номинираат еден или двајца судии за време на нивните мандати поради пензионирање или смрт на некој судија. Номинацијата на Кавано е втора номинација на Доналд Трамп за Врховниот суд, откако стана претседател во јануари 2017 година. Неговиот прв кандидат, конзервативниот Нил Горсуч беше потврден во април 2017 година.

„Изборот на судии на Врховниот суд е еден од најважните и највлијателните настани во целата американска политика“, вели за РСЕ Пол Колинс, професор и директор по правни науки на Универзитетот на Масачусетс.

Тој додава дека „јавноста сигурно обрнува внимание на овој процес" и укажува дека изборниот процес е дизајниран да биде политички и оти честопати станува партиска битка.

„Многу држави избираат судии врз основа на нивните заслуги и овие судии се поблиску до бирократите отколку до политичарите. На овој начин, процесот во Америка е малку необичен ", вели Колинс, ко-автор на Книгата „Сослушувања на судии на Врховниот суд и уставните промени“.

113 мажи и жени беа судии на Врховниот суд од неговото основање со Уставот на САД во 1789 година. Во просек, тие беа на оваа позиција 16 години.

Моќта на судот

Врховниот суд има клучна улога во толкувањето на Уставот на САД на врвот на судскиот систем - една од трите гранки на американскиот систем со законодавната власт (Конгресот) и извршната власт (претседателот), како дел од системот изградена врз принципот на владеењето на мнозинството и индивидуалните и малцинските права.

Врховниот суд исто така може да има клучен збор во толкувањето на други закони.

Од него рутински се бара да одлучува за прашања со емотивен набој, како што се правото на абортус, контрола на оружјето, правата на ЛГБТ заедницата, па дури и за предизвиците во наименувањата за другите две гранки на власта.

Поединечно, вистинското влијание на кој било судија на Врховниот суд врз пониските судови и американското општество, исто така, се мери со нивните судски отпечатоци - преку своите гласови за клучните прашања кои можат варираат од дискриминација на здравствена заштита, правичните процеси и слободата на говорот.

Исто така, влијаат врз законските и владините процеси, со пишување на правни мислења во согласност со пресудите и обликување на дебатите за клучните правни спорови, како и влијание врз јавното мислење, преку изјавите дадени надвор од нивната должност должност во Врховниот суд.

Преседан и моќ

Една од најмоќните алатки на овој суд е основана од самиот суд: судска ревизија. Ова е моќта да се прогласуваат за неуставни некои закони. Врховниот суд во голема мера решава да го разгледа некој случај откако најмалку четворица од неговите судии велат дека тоа е соодветно или кога спорот вклучува две држави во САД. Тоа главно се однесува на случаи на пониски судови, односно или ги потврдува или ги поништува овие одлуки.

Еве само некои од најзначајните одлуки на Врховниот суд во минатиот век:

* Браун против Комиетот за образование од 1954 година, кој ја остави настрана доктрината „одвоени, но еднакви“и пресуди дека поделбата на бели и црни студенти во државните училишта (или други институции) е неуставна.

* Во пресудата Миранда од 1966 година Судот соопшти дека осомничените за кривични дела мора да бидат свесни за нивните права пред полицијата да ги испита. Судот реши дека осомничените за кривични дела треба да се советуваат за своите законски права, пред полицијата да ги обвини за некое дело.

* Во Роу против Вејд во 1973 година, Врховниот суд донесе одлука, со седум наспроти два гласа, на 14 амандман да им се гарантира на жените право за абортус во првите две тримесечја од бременоста, во согласност со интересите на државата за регулирање на абортус

* Во Обергефел против Хоџис, од 2015 година, Врховниот суд со пет гласови наспроти четири пресуди дека спречувањето на истополовите двојки да се венчаат е дискриминација, што е забрането според клаузулата за заштита на еднакви права за сите во 14 амандман.

Вжештена атмосфера

Демократите, моментно малцинска партија во двата дома на Конгресот, водат помала битка во Сенатот за да го блокираат потврдувањето на Кавано.

Комитетот за правосудство во Сенатот одржува расправа во која сенаторите директно го испрашуваа за неговите пристапи и специфични аспекти на законот и Уставот.

Сослушувањата станаа жестоки веднаш откако започнаа на 4 септември, бидејќи сенатори демократи го оспорија процесот со документи од десетици илјади страници поврзани со претходните дејности на Кавано.

Демократите сфаќаат дека многу повеќе е во прашање, ако се потврди Кавано. Така тие се обидуваат да ја блокираат неговиот потврда", вели професорот на Универзитетот на Масачусетс.

Панелот кој го контролираат републиканците или ќе даде препорака, ќе одбие или нема даде препорака до Сенатот, кој потоа ќе гласа за неговата номинација.

Републиканците имаат 51 глас, а демократите 49 и можат да ги повикаат партиските колеги да гласаат позитивно. Се чини дека демократите своите надежи ги ставаат на можноста да убедат најмалку двајца републикански сенатори да му се спротивстават на именувањето на конзервативниот Кавано. Но, тоа е малку потешко со оглед на ноемвриските избори за Конгресот.

„Демократите сфаќаат дека ќе биде тешко да се блокира потврдата на Кавано, иако верувам дека се уште се надеваат дека ќе бидат во можност да убедат двајца или повеќе републикански сенатори да гласаат против“, смета Колинс.

Свртување на десно?

Ако конзервативниот Кавано се потврди и да го замени судијата на заминување Ентони Кенеди експертите сугерираат дека соодносот на 5 спрема 4 во корист на конзервативците претставува јасен знак дека Судот врти на десна страна.

Толку им е важен овој глас на демократите што некои дури ризикуваа и исклучување од Сенатот затоа што објавија некои доверливи пораки во врска со минатото на Кавано. Демократите велат дека Трамп го избрал него бидејќи имал такви ставови.

Овие обвиненија, се чини, се особено рефлексивни и во врска со истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер за можните Трамп контакт со руските официјални лица и наводното попречување на Москва и на претседателските избори во САД во 2016 година.

Кавано одби да одговори на прашања, велејќи дека се хипотетички. Демократите и групите за женски права изразија загриженост во врска со ставовите на Кавано за правото на абортус.

Горчлива политика

Многумина демократи се уште лути поради одбивањето на републиканците да одржат расправа за да се потврди кандидатот на претседател Барак Обама во последната година од неговата администрација во почетокот на 2016 година поради смртта на еден судија.

Републиканците тогаш одбија да се разгледа номинацијата на Мерик Гарланд, инсистирајќи тоа да го направи идниот претседател по изборите во 2016 година.

Пол Кругман, левичар, добитник на Нобеловата награда и колумнист во Њујорк тајмс, го обвинува Кавано дека „ќе го закопа Уставот“.

Од друга страна, Адријан Коен, конзервативен колумнист за Бостон Хералд, ги обвини критичарите на Трамп за создавање „хаос“ со расправите за Кавано. „Хистерична левицата, која се уште страда од синдром на опседнатост со Трамп, покажа уште еднаш колку е екстремно вознемирена“, пишува тој.

Републиканските лидери сметаат дека гласањето за ратификација на Кавано ќе биде кон крајот на септември.

Кавано дипломирал правни науки на Јеил.Како адвокат, работел за независниот обвинител Кенет Стар, во истрагата која доведе до импичмент на претседателот Бил Клинтон во 1998 година. (Сенатот тоа не го изгласа и Клинтон остана на функцијата.) Кавано служел во администрацијата на претседателот Џорџ Буш, а до 2006 година тој беше судија на Апелациониот суд во Вашингтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG