Достапни линкови

Трамп ги предупреди Русија и Иран околу Сирија


Трамп: Русија и Иран ќе згрешат ако го нападнат сириски Идлиб
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Трамп: Русија и Иран ќе згрешат ако го нападнат сириски Идлиб

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Иран и Русија да не ја напаѓаат безобзирно провинцијата Идлиб во Сирија. Сириските власти неколку недели се подготвуваат на офанзива врз последното упориште на бунтовниците во земјата.

„Претседателот Башар ал-Асад од Сирија не смее безобзирно да ја нападне провинцијата Идлиб. Русите и Иранците ќе направат сериозна хуманитарна грешка ако учествуваат во оваа потенцијална трагедија на човештвото. Стотици илјади луѓе би можеле да бидат убиени. Не дозволувајте тоа да се случи“, напиша претседателот Трамп на Твитер.

Претходно, Иран повика на целосно „истребување“ на милитантите од Идлиб.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, за време на посетата на Сирија во понеделникот најави дека претставници на Русија, Турција и Иран ќе се состанат во Техеран на разговори за Сирија.

„На состанокот в петок кој ќе се одржи во Техеран, во согласност со спогодбите од преговорите во Астана ќе разговараме за реконструкцијата во Сирија, како и за конфронтирањето со остатоците на екстремистичките и терористичките групи во Сирија, особено Фронтот Нусра, во провинцијата Идлиб“.

Тахрир ал-Шам, кој ја вклучува групата поврзана со Ал Каеда порано позната како Фронтот Нусра, е најмоќната џихадистичка алијанса во Идлиб.

Сириските владини сили планираат фазен напад врз Идлиб и околните области што ги држат бунтовниците кои се борат против Асад, кој пак во граѓанската војна во земјата, е поддржан од руските и иранските сили.

Предупредувањето на Трамп во врска со потенцијалната хуманитарна катастрофа е последно во низата.

Претходно тоа, меѓу другите, го сторија и Обединетите нации кои предупредија да не се користи хемиско оружје.

Во УНИЦЕФ пак, проценуваат дека во случај на владин воен напад врз Идлиб, повеќе од милион сириски деца ќе бидат изложени на опасност.

Мануел Фонтен, директор на програмите за итни случаи на УНИЦЕФ, изјави дека оваа агенција подготвила планови за обезбедување чиста вода и храна за стотиците илјади луѓе кои би биле принидени да бегаат.

„Ние сметаме дека е особено важно кога ја имаме целата оваа воена реторика што почнуваме да ја слушаме, да не заборавиме дека има повеќе од милион деца внатре. Деца, кои во некои случаи се раселени два, три, четири, пет, шест пати, од различни градови и сега се таму“.

Според Фонтен, ако има напад, околу 800 илјади луѓе би биле присилени да побегнат кон Алепо, Хама и Хомс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG