Достапни линкови

Во рудникот „Иловица-Штука” немало да се користи цијанид


Графички приказ на рудникот Иловица-Штука.

Рудникот за бакар „Иловица-Штука“ нема да користи цијанид и сулфурна киселина во постапката, соопштуваат од фирмата Еуромакс ресурсис. Во нивното соопштение стои дека нивниот проект е целосно безбеден и дека рудникот ќе работи според највисоките стандарди за животна средина.

„Отворањето на рудникот ќе има бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2.700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. На национално ниво проектот ќе учествува со три отсто од БДП на Македонија и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно“, велат од Еуромакс ресурсис.

Противниците на оваа идеја го нарекоа „рудник на смртта“. Тие преку кампањи и протести се противат на идејата за рудник во Иловица, велејќи дека тој ќе биде погубен за животната средина, економијата и животите и здравјето на граѓаните во целиот регион.

XS
SM
MD
LG