Достапни линкови

Шест години затвор за Кочан и конфискација на имот


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

Сеад Кочан доби 6 години казна затвор, а Василие Авировиќ три години за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ во случајот „Труст“ на СЈО. Судот наложи и да биде конфискувана и имотната корист од тендерот или околу 17 милиони евра.

Шест години затвор доби бизнисменот Сеад Кочан, а Василие Авировиќ три години за случајот „Труст“ на СЈО за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во РЕК Битола. Осудените треба да платат и парична казна од два милиона денари одделно или по околу 33 илјади евра. На фирмите кои учествувале на тендерот „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ им е забрането учество на јавни повици 3 години. Воедно ќе биде конфискувана и имотната корист со која се здобиле фирмите од тендерот, или околу 17 милиони евра.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска рече дека невалидната документација е есенцијата на кривичното дело.

Обвинетите свесно ги прекршиле правилата на постапката со цел да го добијат тендерот и да обезбедат за себе имотна корист“, рече судијката.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски по пресудата порача дека не побарале мерка притвор за Кочан, бидејќи сега законот и за пресуди од над 5 години затвор тоа не го обврзува.

Во однос на него ние веќе имаме гаранција дека нема да се даде во бегство. Сега е невозможно да се употреби построга мерка и на тој начин тој се бранеше од слобода. По однос на конфискацијата можам да му честитам на судот. Ова е прво нешто вакво во Македонија“ истакна Бубевски.

Осудените Кочан и Авировиќ ќе треба да вратат 17 милиони евра
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Според него, пресудата за Авировиќ веројатно е пониска од минималната за делото која е 5 години поради неговите здравствени проблеми. Авировиќ не беше присутен во судницата на изрекувањето на пресудата.

Обвинетиот во случајот Сафет Ватиќ беше ослободен, како и фирмата „Вато“, бидејќи како што рече судијката, немале придонес во кривичното дело.

„Правдата дојде во Македонија. Конкретно за нас правдата е достигната. Конечно гледаме дека со новата власт и ваквите судења правдата е достижна за секого“, рече Мујо Ватиќ, брат на ослободениот и управител на фирмата „Вато“.

На Кочан исто така му се забранува да биде управител или одговорно лице на некоја фирма во рок од 3 години. На Авировиќ му се забранува да биде овластено лице за потпишување на тендерска документација исто така 3 години.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG