Достапни линкови

Во светот најважен фудбалот, кај нас политиката


Француската фудбалска репрезентација.
Француската фудбалска репрезентација.

Фудбалот и партиските препукувања за прославите за поканата за НАТО привлекле најмногу коментари на социјалните мрежи.

Во почетокот, за најважната споредна работа на светот – Франција е светски фудбалски шампион. А на нашата ФБ страница, посетителите измешале раси, националности и сè така во наш стил. Бајрам Таири постирал „Кроација Африка“, со фотографија на фудбалерите во францускиот тим од повеќе африкански земји, а Југланс Трајков исто така постирал фотографии за францускиот тим од 1986 година и од оваа, 2018 година, на која се гледа дека кај триколорите доминираат африкански фудбалери. Единствено на Кети Арсовска не ѝ била важна бојата на кожата на фудбалерите. Постирала кратко: „Бравоооо“.

Во Париз прослави и тепачки со полиција по освоената титула
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

Кај нас, пак, најважната но не и споредна работа е политиката: поточно, „Партиските препукувања во врска со прославите во 15 наши градови за поканата во НАТО“. Како и двете најголеми партии, така и граѓаните се поделени во врска со тоа. Лука Иванов со свое мислење: „Толку ли се глупи политичариве? Народот ги гласа за да обезбедат поголеми плати и подобар стандард, а не да менуваат имиња на држава за која сонувале генерации Македонци...“ Емил Бојковиќ прашува: „Дали ВМРО-ДПМНЕ е за НАТО? .... Шешељ во Србија е против НАТО и 28 години тоа го кажува јавно. Зошто Мицкоски не каже отворено дека е против НАТО? Зошто не ја преправи програмата? Вака тоа е невидено лицемерие“.

Првиот човек на финансиската полиција, Арафат Муареми, во неделното интервју за РСЕ вели дека тој има нулта толеранција за организираниот криминал и корупцијата и дека работат за да го расчистат секој вид криминал, без разлика дали е направен од поранешни или од сегашни функционери. Но, посетителите на ФБ страницата на РСЕ се чини не веруваат во никого и во ништо. И – коментарите, вообичаено, се полни со меѓуетничка нетрпеливост. Тие постови немаме намера да ги цитираме. Менсур Рамани смета дека нула толеранција важи само за обичните граѓани, а „кога се работи за политичарите одма се наоѓаат дупки во закон“, а Лила Стојановска напишала: „Да видиш да не веруваш“. Зуди Хамза коментирал: „Во ниту една влада или партија немам доверба, нема што да прави народот нема друг избор, или едното или другото зло“.

И на крај, за прославите по повод поканата од НАТО. Барем според постовите на нашата ФБ страница, повеќето од посетителите не гледаат позитивно на славјето организирано од Владата. Интересна е размената на мислења преку постови помеѓу Драге Исаески и Музафер Бајрами. Првиот вели: „Абе журка... министрите и роднините нивни... Македонците не се ни за НАТО ни за ЕУ ни за северна...“, а Музафер Бајрами му одговара и прашува: „А според вас, Драге Исаески, мнозинството Македонци се за руска+српска унија или за Голема Србија?“ Коста Македонија Несторов апелира: „Во источна Македонија луѓето за леб умреа, не ги фрлајте парите за глупости, дајте ги на сиромашните...“ Наим Баки постирал иронично и шеговито: „Се молат големите патриоти на Македонија да не одат на прославата, туку што е можно во поголем број да одат во Грција на одмор и да потрошат повеќе пари“.

Прослaва во Скопје за поканата на Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG