Достапни линкови

Политичка злоупотреба на навивачките групи


Илустративна фотографија.

Политичката манипулација со навивачките групи често предизвикува тензии на национален план. Тоа го покажува и последниот случај со Никола Саздовски член на Комитите кој почина од повреди здобиени од претепување во Скопје.

Навивачките групи, не само во Македонија, туку секаде во светот многу често се инструмент на политичките партии и разузнавачките служби за дестабилизации на политичките ситуации и генерално на општествата, вели политикологот Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис.“

„Во голем дел тоа се должи на тоа што самите групи ги чинат најчесто млади луѓе кои ги немаат целосно оформено своите политички ставови, се импулсивни, лесно заводливи и сугестибилни и во таа смисла често се инструментализираат за политички цели“, вели Трошановски.

Навивачите често се влијателен фактор за успехот на нивните тимови преку атмосферата која ја создаваат на трибините. Со огромната поддршка од љубителите на спортот постигнат е големи успех на спортски план. Тоа го признаваат и спортистите велејќи дека навивачите се дополнителен играч на теренот.

Но, исто така на спортските терени во Македонија со години се забележува скандирање песни или истакнување пароли со навредлива соджина од страна на навивачите од различните етникуми.

Линија на манипулација

Според лица кои биле дел од навивачка група, кои инсистираат на анонимност, злоупотребите на навивачките групи се одвиваат преку поединци, најчесто водачите на групата, кои се поврзани со политичките партии, а злоупотребени се поголем дел на млади луѓе кои се вистински симпатизери на нивните клубови.

Социологот Илија Ацески вели дека во земјава, манипулацијата и злоупотребите на навивачките групи од страна на партиските центри се забележува особено после деведесетите години.

„Етничката димензија на самиот феномен е видлива на стадионите кога директно се атакува и се навредува со погрдно навивање“, вели Ацески.

Ацески кој работел научни студии на оваа тема, објаснува дека кога поединците се во група, добиваат енергија, сила и храброст и се во состојба да направат одредени работи кои потоа го користат политичките партии, како на пример ширење на омраза на национална и етничка основа.

„Кога тие млади луѓе ќе излезат од групата, кај еден дел од нив продолжува тој интензитет на некаква омраза према другиот и понекогаш може да резултира како во последниов случај со Саздовски. Најголем дел кога ќе излезат од групата, тие се сосема мирни, но кај еден дел тоа останува“, вели Ацески.

Во насока на етничките превирања, Трошановски вели дека е симптоматично тоа што кога во земјава се случуваат важни политички процеси или кога се случуваат „скандалозни перформанси на владата“, се појавуваат такви ситуации на подбуцнувања.

„Она што најмалку може да го направат политичките лидери е да ја охрабрат правната држава, судовите и институциите да постатапат и да се оградат од насислтвата, да ги осудат истите, без оглед на етничките позадини“, вели Трошановски.

И додека аналитичарите предупердуваат партиите се препукуваа за трагичната смрт на членот на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски.

Мицкоски во дрес на Вардар му оддаде почит на навивачот Никола Саздовски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

Трошановски додава дека во вакви услови Советот за етика и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, треба да е позанимаваат со медиумите, бидејќи како што вели, тие се наклонети на едната или другата страна ги злоупотребуваат настаните, подбуцнуваат, сервираат лажни вести и погрешно ги пренесуваат информациите и прават сериозна штета на меѓуетничкиот соживот.

Случај Саздовски

На 29 јуни три лица го нападнаа и брутално го претепаа членот на навивачката група „Комити“ Никола Саздовски, кој пред два дена почина од повредите.

За случајот во некои групи на социјалните мрежи се шират инфорамции дека полицијата и обвинителството ги штити напаѓачите на Саздовски, со тоа што случајот е преиначен од обид за убиство во дело за насилство.

Од МВР реагираа дека случајот е расчистен, дека се поднесени кривични пријави против напаѓачите и оти целиот доказен материјал е предаден во Основното јавно обвинителство.

Хелсиншкиот комитет на Македонија реагираше дека е потребно да се преземат сериозно мерки за спречување на делата од омраза, и тоа не само откако ќе се случат, туку и превентивно, преку санкционирање на употребата и ширењето на говорот на омраза.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG