Достапни линкови

Приведени 15 навивачи на Вардар и Шкупи поради тепачка


Навивачи на Вардар на натпреварот против Зенит на 15 септември 2017

Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК Вардар и ФК Шкупи на кејот на Вардар во Скопје.

МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.

Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 платни налози за констатиран прекршок - насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

XS
SM
MD
LG