Достапни линкови

МВР - настанот со тепаниот навивач комита е расчистен


Илустрација-Македонска полиција

Министерството за внатрешни работи ги демантира како што пишуваат “злонамерните дезинформации” што по социјалните мрежи ги објавувале поединци и одредени портали во врска со нападот на момчето член на навивачката група Комити.

Од полицијата наведуваат дека настанот што се случил на 29.06.2018 бил расчистен и за тоа била информирана јавноста.

“Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Претходно по социјалните мрежи и некои портали се прошири информација дека е претепан член на Комити, а дека за тоа Министерството за внатрешни работи и медиумите молчеле. Повикувајќи се на објава на пријател на момчето на Фејсбук јавија дека тој тешко повреден и се бори за живот откако бил брутално претепан.

„Министерство за внатрешни работи се слушаме? До кога ќе ги криете овие случаи? Медиуми?“, се наведува во статусот што го пренесоа дел портали.

XS
SM
MD
LG