Достапни линкови

Козите и овците во Македонија немаат чума


Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, денеска информираше дека кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија и дека на терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно.

„Преземени се сите мерки, изречена е и забрана за увоз и транзит на овци, кози и нивни производи. Во Бугарија болеста е ставена под контрола, нови жаришта нема и опасноста е сведена на минимум“, рече Атанасов.

XS
SM
MD
LG