Достапни линкови

Протести во Атина и Солун против договорот за името


протести во Грција против договорот за името со Македонија, архивска снимка

Во Атина и Солун беа одржани спротести поради постигнатиот договор со Македонија околу името. Во Атина дојде и до судири меѓу демонстрантите и полицијата која била принудена да употреби солзавец за да ги растера учесниците на протестот. Претходно маскирани лица ги нападнале специјалците со пиротехнички материјали и разни предмети. Според првичните информации, приведени се три лица, а едно е повредено. Меѓу насобраните имаше и припадници на Златна зора кои делеа и фрлаа флаери со пораки дека Македонија е грчка, политичарите се предавници, а единствена надеж за земјата е Златна зора.

XS
SM
MD
LG