Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија


Лидерите на ЕУ одлучија да ги продолжат економските санкции за Русија уште шест месеци, бидејќи утврдиле дека нема доволен напредок во примената на договорот од Минск за завршување на борбите во источна Украина, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Санкциите за Русија беа воведени во 2014 година, во екот на украинската криза, неколку месеци по руското анектирање на Крим и офанзивата на проруските бунтовници. Западот и Украина ја обвинуваат Москва дека ги поддржува бунтовниците и ги снабдува со оружје, што Кремљ категорично го отфрла.

XS
SM
MD
LG