Достапни линкови

Чуму се домашни работници, ако не се заштитени?


Рубинчо Аризанкоски, граѓански активист и член во здружението Достоинствен работник

Како граѓански организации потенцираме дека домашните работници мора да ги уживаат истите трудови права како што им се достапни на останатите работници, пишува Рубинчо Аризанкоски во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Домашната работа во Република Македонија е сектор со висок дел на работниците од ранливите категории, пришто голем број од нив се неформално вработени. Сектор кој ретко е признаен како индустрија што се состои од работници и работодавачи во работен однос. Домашните работници најчесто се корисници на социјална парична помош без разлика на етничката припадност кои заработуваат дополнителен приход за помош на семејството.

Во согласност со Конвенцијата за пристојна работа за домашните работници, домашната работа се дефинира како работа што се врши во или за некое домаќинство или домаќинства, додека домашен работник значи секое лице што врши домашна работа во рамките на работен однос.

Домашната работа и натаму е потценета и невидлива каде се врши дискриминација во однос на условите за вработување и работа, но пред сè кршења на човековите права. Најголем процент на работници во домашни услови се јавуваат девојките и жените, и тоа како негователки при помош на стари лица, помош на лица со посебни потреби, чистење, шиење, и сл., додека мажите ја работат физичката работа како цепење дрва, косење трева, земјоделски активности, градежни работи, и сл. Домашните работници, исто така, се изложени на ризици затоа што нивната работа се врши во приватни домаќинства што често се надвор од дофатот на инспекциските служби и надзорот од страна на надлежните органи. Проблемот е тоа што овие работници не се во функција на системот, и најчесто се непријавени и добиваат дневници.

Во земјите во развој тие за земаат најмалку од 4 до 12 проценти од платеното вработување. Околу 83 проценти од овие работниците се жени или девојки. Потребата на оваа категорија работници е да се вклучат во системот на државата и да бидат третирани како и другите работници во согласност со позитивните законски регулативи од областа на трудот и безбедноста при работа и Конвенцијата за пристојна работа за домашните работници бр.189/2011 од Меѓународната организација на труд донесена на Генералната конференција на 16 јуни 2011 година.

Здружение Достоинствен работник во текот на оваа година ќе го реализираат проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“ во партнерство со Здружение Гласен Текстилец, а со поддршка од Фондација Отворено Општество – Македонија. Целта на проектот е да се обезбеди проактивна анализа, едукација, солидарност и заштита на домашните работници во локалните средини во Прилеп и Штип.

Како граѓански организации потенцираме дека домашните работници мора да ги уживаат истите трудови права како што им се достапни на останатите работници: разумно работно време, седмичен одмор од најмалку 24 последователни часа, ограничување наплаќањето во натура, јасни фундаментални принципи и правна работа, меѓу другите вклучувајќи и слобода на здружување и право за колективно договарање. Потребата од земјата и од позитивните законски регулативи за помош и заштита на домашните работници треба да обезбедат специјални мерки на заштита на оние работници кои поради младата возраст, националноста и статусот на резидентност се изложени на дополнителни ризици во споредба со останатите работници. Исто така, ќе иницираме во локалните заедници да се организираат колективни акции, социјален дијалог во трипартитни структури и во определени случаи, колективно договарање за подобрување на работните услови и заштита на домашните работници од ризикот да бидат ангажирани во неприфатливи форми на работа.

Ги повикуваме институциите на системот посебно МТСП и ДИТ да застанат зад оваа иницијатива со цел заеднички да ги подобриме условите за работа на оваа категорија на работници во општеството и нивна поддршка во остварување на правото на работен однос во согласност со Законот за работни односи.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG