Достапни линкови

Изречени првите пресуди за нападот на пратеникот Села


Тригодишна казна затвор за Стојан Павлевски и една година и два месеци за Цејо Георгиевски изрече денеска Кривичниот суд за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година.

Претседателката на Судечкиот совет Славица Андреевска на денешното рочиште објасни дека „разликата во висината на казаните е поради тоа што Стојан Павлевски е првиот што влегува во Собранието и се насочил кон пратениците“.

На претходното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Двајцата во завршни зборови, кажаа дека се покајуваат за стореното дело и дека немале намера никого да повредат.

XS
SM
MD
LG