Достапни линкови

Раст на економијата или живот само за владата?


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека животот дошол „само за Заев, Анѓушев и криминалниот картел во власта“ и оти граѓаните осиромашуваат, а државата се презадолжува.

„Вицепремиерот Анѓушев денес повторно излезе со податоци кои Државниот завод за статистика се уште не ги објавил, со што се потврдува дека станува збор повеќе за политика отколку за економија и наука“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, вицепремиерот Кочо Анѓушев се пофали дека првиот квартал од 2018 година во споредба со истиот период лани бележи раст во сите економски сфери, освен во градежништвото-нискоградба. Тој рече дека се очекува раст на земјоделството за околу седум отсто, на преработувачката индустрија за шест проценти, на услужните дејности за 10 отсто, како и на градежништвото – високоградба. Анѓушев посебно изрази задоволство од растот на извозот кој, како што напомена, е 14,3 проценти повисок во евра или дури 31 отсто во долари.

XS
SM
MD
LG