Достапни линкови

Анѓушев: Позитивни сите економски показатели, освен нискоградбата


Вице-премиерот Кочо Анѓушев

Вице-премиерот Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција во Владата оцени дека во првиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст во сите економски сфери, освен во градежништвото-нискоградба.

Презентирајќи ги анализите од информациите на државните институции и стопанските комори, вицепремиерот рече дека во првиот квартал од годинава, во споредба со првиот квартал во 2017, се очекува раст на земјоделството за околу седум отсто, на преработувачката индустрија за шест проценти, на услужните дејности за 10 отсто, како и на градежништвото-високоградба.

XS
SM
MD
LG