Достапни линкови

Грчката полиција не ѝ дозволи влез во Пела на екипата на РСЕ


Протест за зачувување на „грчкиот карактер на Македонија“ во Пела

На екипата на Радио Слободна Европа денеска не ѝ беше дозволен влез во градот Пела во Грција, каде што се одржува централниот протест на „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Образложението на грчката полиција беше дека влезот не е дозволен поради безбедносни причини. Тие се повикаа и на соопштението на македонското МНР во кое се препорачува македонски државјани да ги избегнуваат местата каде денеска се одржуваат протести против користењето на името Македонија, во називот на името Република Македонија. Грчката полиција нареди екипата на РСЕ да го напушти местото по проверката на патните исправи и новинарските легитимации.

Инаку, вечерва протести се одржуваат во 20 населени места ширум Грција, за како што беше најавено, зачувување на грчкиот карактер на Македонија.

Протести се одржуваат во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птоле-маида, Катерини, Лагадас и во туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.

Во многу градови, јавува дописничката на МИА од Атина, демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, како и од свештеници.

Грчкиот архиепископ Јеронимос, пак изјави дека прашањата, како што е она со спорот за името, не се решава со протести и оти парламентот е одговорен. Името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме, рече архиепископот Јеронимос.

XS
SM
MD
LG