Достапни линкови

Архиепископ Јеронимос: Спорот за името не се решава на протести


Архиепископот Јеронимос, грчкиот премиер Алексис Ципрас и папата Франциско на островот Лезбос

Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести.

За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести, јави МИА од Атина.

„Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање итн. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот“, рече Јеронимос.

XS
SM
MD
LG