Достапни линкови

Мицкоски: Заев погрешно го води процесот на преговори за името


Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека политиките на Зоран Заев за името се темелат на лаги, а процесот на преговори е комплетно погрешно воден, со погрешни луѓе и погрешна методологија. Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски рече дека „ако се водиме по клучните барања на соседната страна, значи дека сме подготвени да капитулираме, а ако ја прифаќаме црвената линија како конечна позиција, нема потреба да преговараме“.

Мицкоски му даде оценка „десет“ на саботниот партиски митинг на кој, како што нагласи, десетици илјади граѓани му кажале огромно „не“ на Заев за политиките на домашен и меѓународен план. Паметен политичар треба да извлече поука од таквата реакција и врз основа на тоа да почне да води нови политики во кои предзвик ќе му биде како да им го направи на граѓаните животот подобар, истакна Мицкоски.

XS
SM
MD
LG