Достапни линкови

СДСМ - Наместо да манипулира, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите


Седиштето на СДСМ

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ, наместо да манипулира со невистини и да навива за неуспех на државата, треба да им се извини на граѓаните и да ги поддржи реформите. Ова следува по прес-конференцијата на портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, на која тој обвини дека нон-пејперот на држави членки на ЕУ покажува дека владата нема капацитет за суштински реформи и оти евроинтеграциите ги сведува на распродажба на националните и државни интереси.

СДСМ реагира дека Европската комисија констатира напредокт во сите области и дава „кристално чиста препорака за Македонија“.

„Наместо да навива за неуспех на Македонија и преку невистини да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за грабежите и поделбите што ги правеше цели 11 години, а потоа да преземе одговорност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

XS
SM
MD
LG