Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги сведува евроинтеграциите само на распродажба на националните интереси


Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНE

Нонпејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за евроатлански интеграции, најдоцна за 6 месеци, како што ветуваа, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција рече дека владата ги сведува евроинтеграциите само на распродажба на македонските национални и државни интереси. Според него, овој нон пејпер е доказ дека ниту Заев „ниту оваа екипа околу него нема капацитет да ги направи суштинските реформи“.

XS
SM
MD
LG