Достапни линкови

Димитров патува за Брисел, нема потврда за средба со Коѕијас


Архивска фотогрфија - Никола Димитров и Никос Коѕијас на средба во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел, соопшти МНР.

По последната средба за името во Њујорк со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, медијаторот Метју Нимиц кажа дека преговорите ќе продолжат во Брисел. Од МНР засега не соопштуваат дали во Брисел ќе има средба на Димитров со Коѕијас.

Во рамките на посетата, Димитров утре ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, организиран во рамките на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, претстојното австриско претседавање и во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ. Дискусиите ќе бидат фокусирани на евроинтегративните процеси на Република Македонија, имплементацијата на реформската агенда на Владата, како и добрососедските односи.

Министерот Димитров на 29 мај ќе има обраќање во бриселскиот тинк-тенк Европски центар за политики (ЕПЦ.

За време на престојот во Брисел, министерот Никола Димитров ќе се сретне со претставници од институциите на ЕУ и неколку министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG