Достапни линкови

Одлуката на Трамп за Иран ги загрозува европските компании


поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт

Големите компании, особено европските би можело да загубат милијарди долари со откажување на трговските спогодби, по одлуката на Вашингтон да ги врати санкциите врз Иран. Одлуката на претседателот Доналд Трамп САД да се повлечат од нуклеарната спогодба со Иран значи дека компаниите во светот ќе мораат да ги прекинат договорените зделки со Иран или се соочуваат со парични казни и санкции од американската администрација. „Американските санкции врз Иран не ги погодуваат компаниите од САД, туку првенствено европските“, оцени поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт.

XS
SM
MD
LG