Достапни линкови

Трамп денеска ја објавува одлуката за спогодбата со Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави дали Соединетите држави ќе останат во нуклеарната спогодба со Иран. Трамп претходно го одреди 12 мај за краен рок за одлуката за евентуалното излегување на САД од спогодбата меѓу Иран и шестте големи сили од 2015 година која долго време ја критикува. Тој навести дека САД ќе ја напуштат спогодбата ако до 12 мај не дојде до негова ревизија, но е изложен на силен притисок од европските сојузници да се откаже од таквата намера.

XS
SM
MD
LG