Достапни линкови

Берлин и Лондон притискаат САД да не се повлечат од договорот со Иран


Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон

Британија и Германија ги засилија напорите да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп, САД да останат во нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година за време на админстрацијата на неговиот претходник Брака Обама. Трамп е против условите од договорот, обвинувајќи го Иран дека го крши со тоа што ги помага милитантните активност на Блискиот Исток и ги продолжува ракетните тестови. Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон кој се наоѓа во посета на САД оцени дека договорот е најдобра можна опција во моментов. Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер пак предупреди на можните последици, вклучувајќи и воен конфликт.

XS
SM
MD
LG