Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во напад врз изборната комисија во Триполи


Полиција пред Либиската изборна комисија во Триполи по нападот

Најмалку 14 луѓе загинаа во нападот врз канцелариите на Либиската изборна комисија во Триполи, информираат властите. Бомбаш-самоубиец се разнел во зградата на Комисијата, по што други милитанти почнале да пукаат, соопшти либиското Министерство за здравство. Во видео снимката објавена на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над зградата.

Портпаролот на Изборната комисија, Халид Омар, изјави дека безбедносните сили се обидуваат да ја преземат контролата врз објектот.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава. Изборите, под покровителство на ОН, се дел од напорите за стабилизирање на Либија по неколкугодишните превирања кои почнаа со соборувањето на диктаторот Муамер Гадафи во 2011 година.

Изборите во 2014 година резултираа со формирање паралелни влади – една во Триполи, поддржана од меѓународната заедница, и една во источниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG