Достапни линкови

Меѓународни воени вежби во Естонија


Воени вежби во Естонија во мај, 2017 година

Меѓународни воени вежби во кои се вклучени 13 илјади војници од 16 земји започнаа денеска во Естонија. Вежбите ќе траат до 14 мај и се најголемите во балтичката земја од воспоставувањето на нејзината независност од Советскиот сојуз во 1991 година.

Дел од вежбите ќе се одржат и во соседна Летонија. Во вежбите учествуваат војници од САД, Британија, Германија, Франција, Канада, Полска, Украина, Финска, Шведска, Данска, Белгија, Ирска, Летонија, Литванија и Грузија.

XS
SM
MD
LG