Достапни линкови

Северна Кореја ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестирања


Архивска фотографија-историскиот самит на лидерите на Јужна и Северна Кореја, 27.04.2018

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун му кажал на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин дека ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестирања во следниов месец, соопштија од канцеларијата на Мун.

“Ким за време на самитот рече дека ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестови во мај” рече денеска портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.

Ким рече и дека “наскоро ќе покани експерти од Јужна Кореја и САД за да го отвори процесот за меѓународната заедница со транспаретност” , кажа портпаролот Јун Јан-чан.

И покрај загриженоста на Токио дека Јапонија е ставена на страна од обидите за помирување меѓу Северна и Јужна Кореја, канцеларијата на претседателот во Сеул исто така наведе дека лидерот на Северна Кореја изразил подготвеност за дијалог со Јапонија во кое било време.

На историскиот самит на лидерите на двете земји на 27 април беше постигнат историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната. Претседателот на САД Доналд Трамп исто така се очекува да се сретне со Ким Јонг Ун во следниве три или четири недели.

XS
SM
MD
LG