Достапни линкови

Барањата на Трамп се неприфатливи за Иран


Москва-министрите за надворешни работи на Иран и на Русија Мохамад Зариф и Сергеј Лавров влегуваат на состанок,28.04.2018

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека се неприфатливи барањата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп да се измени нуклеарниот договор на Техеран со светските сили. Зариф ова го рече денеска во Москва каде што учествуваше на разговорите за конфликтот во Сирија.

Трамп се закани дека САД ќе излезат од нуклеарниот договор ако европските сојузници не ги поправале “страшните недостатоци” до 12 мај. Со договорот се тргнаа меѓународните санкции кон Иран, а земјата ја запре нуклеарната програма, но Трамп вели дека условите не се доволно јасни.

Германија, Франција, Русија, Кина и Британија исто така го потпишаа договорот и бараат од Вашингтон да остане дел од него, наведувајќи дека тој е најдобар начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. На 27 април Трамп рече дека Иран нема да развива нуклеарно оружје но не даде дополнителни детали за мерките. Тој ова го кажа на заедничката прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел која престојуваше во посета на САД. Таа, пак, рече дека договорот со Иран не е совршен, но го опиша како една цигла и прв чекор во забавувањето на нуклеарните активности на Техеран.

XS
SM
MD
LG