Достапни линкови

Иранскиот нуклеарен договор главна тема на средбата на Трамп и Меркел


Вашингтон-претседателот на САД Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, 27.04.2018

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп тврди дека Иран нема да произведува нуклеарно оружје, иако одби да зборува за тоа кои мерки ќе ги преземе за да го одврати Техеран ако пропадне нуклеарниот договор постигнат во 2015 година. Трамп ова го изјави на заедничката прес конференција во Вашингтон вчера со германската канцеларка Ангела Меркел. Таа, пак, рече дека договорот со Иран не е совршен, но го опиша како една цигла и прв чекор во забавувањето на нуклеарните активности на Техеран.

Меркел нагласи и дека нејзината земја ќе остане во блиски односи со САД во пресрет на приближување на рокот до кој Трамп треба да одлучи за иранскиот нуклеарен договор. Тој е постигнат во 2015 година, а покрај САД и Иран го потпишаа и Франција, Германија, Велика Британија, Кина и Русија. Неговото опстојување сега е доведено во прашање поради тоа што Трамп најави дека до 12 мај ќе се повлече од договорот ако, како што ги нарече, големите недостатоци на документот не бидат поправени.

Инаку покрај за нуклеарниот договор, Меркел рече и дека со Трамп разговарале за “руските нелегални активности” во однос на анексијата на Крим и поддржувањето на сепаратистите во источна Украина, наведувајќи дека работатат заедно на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG