Достапни линкови

Грција бара Хан да не ги поткопува разговорите за името


Зградата на грчкото МНР

Грчкото Министерство за надворешни работи, попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

„Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно Хан изјави дека очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена.

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на Хан, рече дека не верува оти за две недели може да се реши спорот за името.

XS
SM
MD
LG