Достапни линкови

Заев - Две недели прекраток рок за решение за името


Премиерот Зоран Заев не верува дека за две недели може да се реши спорот за името, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена.

„Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно, затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија, затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори“, рече Заев.

Заев денеска имаше заедничка прес- конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон. Тој е е еден од членовите на новоформираната група Охрид за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Групата Охрид е неформална група создадена од членови со импресивен бекграунд, со различна политичка припадност.

Во групата, освен Џорџ Робертсон се вклучени и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и истакнатите дипломати Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак.

XS
SM
MD
LG