Достапни линкови

Убиени 9 војници и полицајци во напади на талибанците во Авганистан


Припадник на авганистанските сили на местото на самоубиствен бомбашки напад на 22 април

Авганистанските власти соопштија дека во нови напади на талибанците загинале најмалку 9 војници и полицајци. Според нив, во покраината Фарах биле убиени пет војници, а двајца повредени кога нивниот контролен пункт бил нападнат од талибанците. Во борбите на контролниот пункт кои траеле неколку часа загинале и 6 талибанци, а тројца биле повредени.

Талибанците преземаа одговорност и за нападот во покраината Газни каде загинаа четворица припадници на локалните полициски сили, а седум биле повредени.

XS
SM
MD
LG