Достапни линкови

Коментари од висока политика до јавен превоз


EУ инфо центар во Скопје

Фановите на РСЕ коментираат за членството на Македонија во ЕУ, за тоа што е подобро за земјата - НАТО или Русија, а коментираат и за тоа каков јавен превоз му е потребен на Скопје.

Од висока политика и од тоа дека „Македонија ѝ треба на Америка, дека со НАТО си става оглав околу глава и затоа спасот ѝ е во Русија“, како што постирал Драге Исаески, преку лути реакции во врска со преговорите со Грција и дека „ако нè сакаат толку нека нè примат како Македонија, а не да нè избришат од картата на светот“, како што коментирал Митревски Пеце, па до тоа дека на Скопје му е потребно метро, „ама ја нема потребната инфраструктура што е главен предуслов за изградба на метро“, како што советува Сенат-Елвиса Куц - ова е палетата на содржините на вашите коментари и постови на нашата ФБ страница.

По интервјуто со полскиот амбасадор во земјава, Јацек Мултановски, само негативни коментари за нашето евентуално членство во ЕУ со совети до амабасадорот првин „да ја научи историјата на Македонија па да биде амбасадор“, постирал Боро Петровски. Има и сликичка –карикатура објавена од Силвана Славче Димовски на која на една гранка седи човек со симболот на Унијата на грбот, а до него мало човече со македонското знаме, но човекот со знакот на ЕУ скришно го пили делот од гранката каде што е оној што ја претставува Македонија. И повторно се читаат постови со непримерен јазик и со лични навреди за полскиот амбасадор.

Живко Чавдаров, по информацијата дека полицијата поднесла кривична пријава против полицаец од Скопје кој се сомничи дека бил дилер на дрога, тврди дека „90 отсто од продажбата на дрога во Македонија е контролирана и организирана од полицајци и инспектори на МВР!“

А по нашата опсежна анализа за тоа каков јавен превоз му треба на Скопје зашто постојниот е бавен, па поради тоа повеќето граѓани користат свои автомобили и зoшто речиси една петина загаден воздух е токму од сообраќајот, јасно е која е болната точка на скопјани. Кристијан Калинов постирал: „Метро? Со две и пол станици?“. Ерол Курбардовиќ се потсмева на идеите за метро: „Вие не можете обични дупки на пат да затворите, а метро ќе правите! Сонувајте!“ Игор Сарето, пак, потсетува: „На Скопје му треба рушење на сите дивоградби, по земјотресот градот е проектиран на околу 300 илјади жители, а сега по некоја непишана статистика има околу милион, а нема инфраструктура, и сега овие се занесуваат со метро на и така трусно земјиште, нека им е Господ на помош на сите скопјани“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG