Достапни линкови

Полицаец уапсен со 125 грама марихуана, осомничен дека бил дилер


Илустрација: Правење цигара со марихуана

Полицијата поднесе кривична пријава против 40-годишен полицаец од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Како што информира МВР, на 19 овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.

На полицаецот му е одреден притвор, а ќе биде суспендиран од работа до завршување на постапката.

XS
SM
MD
LG