Достапни линкови

Јужна Кореја ја прекина пропагандата на границата со Северна Кореја


Јужна Кореја соопшти дека привремено ги прекинала пропагандните емитувања од звучници преку граница пред планираната средба меѓу нејзиниот претседател и лидерот на Северна Кореја. Министерството за одбрана денеска објави дека овој потег е со цел „намалување на воените тензии меѓу Југ и Север, создавајќи расположение за мирни разговори“. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, треба да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, на 27-ми април, Тоа ќе биде прв меѓукорејски самит во една деценија. Очигледниот гест на добра волја за емитувањата доаѓа по најавата на Ким на 20 април дека Пјонгјанг ги суспендира тестовите за балистички ракети и ја затвори единствената позната нуклеарна локација во земјата. Преносот на анти-севернокорејски пораки низ границата преку високо-децибелските звучници се одвива од 1963 година.

XS
SM
MD
LG