Достапни линкови

Заев: Не можевме да предвидиме колку душмански сте ја ограбиле Македонија


Премиерот Зоран Заев

Единствено што не успеавме досега да го исполниме, согласно прецизните ветувања, е затоа што не можевме да предвидиме колку е заробена државата, колку е финансиски урнисана, колку е душмански ограбена, рече денеска во Собранието премиерот Зоран Заев како одговор на аргументите на опозицијата зошто треба да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

Тој ѝ се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ за враќањето во Парламентот, чии пратеници ја обвинија Владата дека „е најнеспособната, најнеработливата и сигурно најкриминалната влада во историјата на Македонија“.

Не сакаме да земаме стотици милиони кредити и да расте долгот, рече Заев.

XS
SM
MD
LG